Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА КАЈ ТОРАНИЦА: Рудар настрада, двајцата повредени стабилни

ТРАГЕДИЈА КАЈ ТОРАНИЦА: Рудар настрада, двајцата повредени стабилни

Стабилна е состојбата на двајцата повредени рудари од   рудникот за олово и цинк, поранешна  Тораница кои беа пренесени во општата болница во Куманово.

Тие, како што кажала Директорката на болницата, Снежана Захариева хоспитализирани се на одделението за хирургија и  ќе останат на опсервација и се надвор од  животна опасност.

– И двајцата се во стабилна состојба, со оглед на тоа што имало експлозија со голем притисок што може да доведе до оштетување на долните респираторни патишта и на ушното тапанче кај рударите се направени прегледи од страна на специјалисти по интерни болести и  специјалист по уво нос и грло, не се констатирани повреди, направени им се лабараториски испитувања кои се уредни, изјави Захариева.

Двајцата рудари ќе останат на хируршкото одделение во кумановската болница, а ќе им биде направена и компјутерска томографија. 

Слично

Поврзани вести