Трагедија кај Демир Капија: Воз прегазил маж кој стоел на пругата
Воз прегазил маж, утрово околу 9 часот 15 минути, на местото викано „Пржински мост“, во Демир Капија.
Како што информираат од МВР возот сообраќал од Скопје кон Гевгелија.
Возит удрил во НН машко лице (кое се наоѓало на пругата). Од ударот, НН лицето починало на лице место.
Смртта е констатирана од ИМП, информираат од МВР, од каде што додаваат дека во моментот се врши увид на лице место, а на лице место ќе излезе и обвинител.
Слично
