Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Загина 22-годишната дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Загина 22-годишната дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино

Голема трагедија се случи доцна синоќа во Скопје, кога на булеварот ,,Партизанска” згасна животот на 22-годишната дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино, објави Фокус. 

Ја удрил автомобил управуван од 20-годишно момче, а од здобиените повреди таа веднаш починала.

Траорната вест уште во раните утрински часови се прошири во родниот град на девојката. Во шок и неверување, граѓаните прашуваат до кога ќе се гине на улиците во нашите градови и уште колку невини животи треба да згаснат, пред да бидат донесени драстични измени во Законот за сообраќај, и да се воведат ригорозни казни за прекршителите.

Јавноста се сеќава на неа и кога пред 12 години, како десет-годишно девојченце се појави во видео записот за песната ,,Божиќ за секој од нас” заедно со нејзината сестра Росица и Димитар (кои во 2007 година на Детска Евровизија и го донесоа на Македонија 5-то место со песната ,,Динг, динг, донг”) и со други пејачи од Неготино, и ги освои симпатиите на гледачите.

Слично

Поврзани вести