Трагедија го потресе Богданци - син ја убил мајка си
Син ја убил мајката во Богданци, по што сам се пријавил во полиција.
Во полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсија П.С.(39) од Богданци.
Во стан во кој престојувале вчера, околу 21 часот дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.
Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
Денеска во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото.
Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
