ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци
Двојно убиство денеска се случило во скопско Стајковци.
Полицијата соопшти дека денеска во 12.30 во СВР Скопје е пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени С.К.(57) и нејзиниот сопруг В.К.(64).
Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал.
Тој е пренесен во медицинска установа за укажување помош.
Слично
