ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА: Бебе старо 45 дена донесено починато на Детската клиника во Скопје

ТРАГЕДИЈА: Бебе старо 45 дена донесено починато на Детската клиника во Скопје

На Детската клиника во Скопје во 06:40 часот вчера било донесено машко бебе старо само еден и пол месец, без знаци на живот. Лекарите веднаш се обиделе да интервенираат, но констатирале смрт, информираа денеска од СВР Скопје.  

- Случајот бил веднаш пријавен во полиција, а по преземените дејствија и консултација со надлежен јавен обвинител, телото на новороденчето било предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта.  Во овој момент, не се познати дополнителни информации за околностите под кои настапила смртта, ниту дали има сомнежи за насилна причина или евентуално здравствено нарушување - се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи. 

Од таму додаваат дека се преземаат сите потребни истражни мерки.

ad
Слично

Поврзани вести