ТРАГЕДИЈА: 45-годишна жена загина откако излетала со својот џип на автопатот Скопје-Тетово
Трагична сообраќајка во која една 45 годишна жена го загуби животот се случи утрово на автопатот Скопје – Тетово.
Од СВР Тетово велат дека несреќата се случила во близина на Добарски натпаник кај местото Еребино. Станува збор за Ф.Л од тетовското село Доброште којашто управувала џип Тојота Рав со американски регистарски ознаки и била ма во возилото. Несреќата се случила пред 11 часот, а како што велат од СВР Тетово, до трагедијата дошло откако возилото излетало од коловозот.
На местото на несреќата увид прави Јавен обвинител, а учествува и тетовска полиција.
Слично
