Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАДИЦИОНАЛНИ НОВОГОДИШНИ ДЕДОМРАЗОВСКИ ТРКИ: рекорден број учесници во Скопје

ТРАДИЦИОНАЛНИ НОВОГОДИШНИ ДЕДОМРАЗОВСКИ ТРКИ: рекорден број учесници во Скопје

На плоштадот Македонија денес се одржа 11. издание на Дедомразовската трка 2025, традиционалната новогодишна улична трка во Скопје која уште еднаш го претвори центарот на градот во црвено море од дедомразовски костуми и празнично расположение.

Оваа година трката забележа рекордно учество со над 800 натпреварувачи од сите делови на Македонија. Највозрасниот учесник имаше 73 години, а најмладите беа бебиња помали од една година, кои заедно со своите родители ја почувствуваа веселата новогодишна атмосфера.

Стартот и целта традиционално беа поставени на Плоштад Македонија, додека патеката од околу 2 километри се протегаше низ центарот на градот. Трчаа професионалци, почетници, а на прошетка дојдоа и повеќе расположени лица.

Настанот, кој од година во година привлекува сè поголем интерес, повторно го задржа својот препознатлив карактер: пријателско темпо, многу насмевки и забава, фотографии и поддршка за сите учесници.

Сличен настан се одржа и во Кавадарци, каде беше организираниа традицонална новогодишна трка на Дедо Мразовци, но таму најбројни беа најмладите учесници. 

Дел од атмосферата преку социјалните мрежи ја пренесе градоначалникот Митко Јанчев, кој истакнува дека празничната радост е тоа што не поврзува. 

- Смеа, празнична енергија и многу црвени капи на секој чекор! Секој учесник беше награден со новогодишно пакетче, а најбрзите Дедо Мразовци си заминаа со посебни подароци - напиша Јанчев на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести