Економија, финансии, бизнис

Контакт

Традиционална Словенечка кујна како дел од светскиот пикник

Традиционална Словенечка кујна како дел од светскиот пикник

    Словенија -крстосницата помеѓу Балканот и Централна Европа, земјата чиј главен град е прогласен за најзелена европска престолнина. Татковината на Франц Прешерн, распослана под падините на Јулиските Алпи кои ги краси врвот Триглав, романтичните Бледско и Бохињско езеро, Постојiнска јама како и земјата на познатите коњи Липицанери. Фактот дека Словенија се наоѓа помеѓу различни европски цивилизации несомнено играло значајна улога и во традиционалната кујна на државата.

  Сите љубители на словенечката кујна ќе имаат можност да ја вкусат крањската кобасица, националната гордост на Словенија, на штандот на Словенија на Светскиот пикнин кој ќе се одржи на 9 јуни со почеток од 12 часот во Градскиот парк во Скопје. Штандот на Словенија ќе биде претставен од страна на НЛБ Банка, компанија која е присутна од 2000 година на домашниот финансиски пазар, прераснувајќи во лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.

  Инспирирани од традицијата  и културата на земјата од каде што потекнуваат, компаниите членки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија,во насока на реализирање на мисијата за општествена одговорност, пред 4 години за првпат го организираа Светскиот пикник. Покрај словенечката кујна, присутните ќе имаат можност да пробаат деликатеси и од останатите 11 земји од каде што доаѓаат компаниите-странски инвеститори коисе директно вклучени како поддржувачи на овој настан, а тоа се: Австрија, Германија, Швајцарија, Италија, САД, Велика Британија, Грција, Турција, Шпанија, Белгија и Холандија.

  Преку традиционалната храна, проследена со музика и детско катче за најмалите гости компаниите членки на Советот на странски инвеститори имаат за цел да ги унапредат своите врски со земјата во која делуваат и работат. Сите средства кои ќе бидат собрани од продажба на билети ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

Михајло Донев


Слично

Поврзани вести