Економија, финансии, бизнис

Контакт

Традицијата во Охрид со маратонот продолжува со засилен фонд

Традицијата во Охрид со маратонот продолжува со засилен фонд

Денес во Охрид ќе се одржи 31. издание на традиционалниот Охридскиот пливачки маратон кој оваа година ќе има и засилен фонд на средства за учесниците по одлуката на Агенцијата за млади и спорт. 

Повторно ќе бидеме сведоци на одличната физичка и психичка подготвеност на натпреварувачите, кои во охридските води ќе го манифестираат натпреварувачкиот дух, фер плејот и желбата за успех.

Поради состојбата и последните случувања околу пливачкиот маратон во Охрид, оваа година, Агенцијата за млади и спорт одлучи да издвои двојно повеќе финансиски средства со цел да се одржи континуитетот на оваа традиционална манифестација.

Ова традиционално спортско натпреварување е дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација. Оваа година, прекрасниот Охрид е домаќин на вкупно 22 натпреварувачи - 15 во машка и 7 во женска категорија.


Слично

Поврзани вести