Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тозија директор на Агенцијата за филм, Хоџиќ заменик во Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Тозија директор на Агенцијата за филм, Хоџиќ заменик во Агенцијата за остварување на правата на заедниците

За вршител на должноста директор на Агенција за филм на Република Македонија, Владата го назначи Горјан Тозија како што и претходно имаше најави. 

Тозија учествуваше на протестите на „Шарена револуција“ кои почнуваа од пред СЈО, и во една прилика изјави дека е потребна една ненасилна револуција да се случи, и дека е горд што е дел од групата која протестира. 

За вршител на должноста заменик на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците именуван е Џељо Хоџиќ, кој на јавноста и е познат како граѓански активист. 

Хоџиќ беше критичар на режимот на владеење на екс премиерот, Никола Груевски. 

Слично

Поврзани вести