Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТОТАЛНА ПАРТИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА, ПАРТИСКИ КОНТРОЛИРАНО СУДСТВО“: СДСМ за Наумовски, советник на Мицкоски предложен за уставен судија

„ТОТАЛНА ПАРТИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА, ПАРТИСКИ КОНТРОЛИРАНО СУДСТВО“: СДСМ за Наумовски, советник на Мицкоски предложен за уставен судија

Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија, кој се очекува да биде изгласан набргу. Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанција во државата. 

Ова се посочува во последното соопштението на СДСМ испратено до медиумите. 

- Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.

Власта ги зеде под целосна своја контрола судството и Обвинителството.

Го сменија јавниот обвинител и планираат избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судскиот совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд - пишува во соопштението на СДСМ.

Потоа додаваат дека „додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, и носат закони за правосудатвото, кои се спротивни на препораките на ЕУ“.

- Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.

Следува целосно погребување на правдата и правната држава - се истакнува на крајот од соопштението.

На оваа тема зборуваше и лидерот на СДСМ:


Слично

Поврзани вести