Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Тошо Малерот“ од К-15 се вработи во СОС Детско село

„Тошо Малерот“ од К-15 се вработи во СОС Детско село

Васко Тодоров, познат уште и како „Тошо Малерот“ од К-15, е вработен како еден од воспитувачите во младинските куќи на СОС Детско село.

Тој во сторијата на Канал 5 смета дека во социологијата, комедијата и грижата за некого имаат нешто заедничко, а тоа е разбирањето на однесувањето, мислите и чувствата на луѓето. 

Вели дека иако оваа работа носи свои предизвици, тој целосно се пронаоѓа во неа. Младинската куќа ја чувствува како свој дом, а најголемо задоволство му претставува сведоштвото за тоа како младите прераснуваат во зрели луѓе со вистински вредности.

- Цело време работам како воспитувач и тов што сум го работел има воспитна димензија. К-15 конкретно е најголемиот социолошки проект што е направен во Македонија, постоеше 20 години. Јас кога влегов овде веднаш се заљубив затоа што тоа ми лежи, тоа ми е професија. Не е едноставно, меѓутоа ако jа сакаш оваа професија нема поубаво од тоа. Посебно резултатите кога ке пораснат тие деца.- вели Тодоров



Слично

Поврзани вести