Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ: Загина 51 лице во Кочани

ТОШКОВСКИ: Загина 51 лице во Кочани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски утрово на прес - конференција во Кочани изјави дека во пожарот во дискотеката загинале 51 лице, а има и многу повредени. 

Кажа дека рано утрово во 5 часот пристигнал во градот. Потврди дека има приведени лица. 

„Во овој случај ќе се утврди одговорност. Најважно е да ги утврдиме сите факти и докази“, рече министерот. 

Кажа дека ќе треба да се направи обдукција на починатите. За 2 часа најави дека ќе имаат повеќе информации за настанот. Новинарите прашуваа кој дозволил барака да стане дискотека. Тошковски уверува дека сите виновници ќе бидат лоцирани. 

„Чекор по чекор ќе го расветлуваме овој случај“, рече Тошковски. 

Над 100 се повредени во пожарот. Новинарите упорно прашуваа дали од општината ќе дадат одговор, како дозволиле таков објект да работи како дискотека. 

Слично

Поврзани вести