Тошковски: Забранивме дронови да ги снимаат протестите поради безбедносен ризик
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Собранието, бранејќи ја својата позиција по поднесената интерпелација од Левица, рече дека дронови биле забранети да надлетуваат и снимаат за време на протестите за трагедијата во Кочани поради, како што рече, безбедносен ризик, без подетално објаснување.
- Тоа е свесен политички спин. Забраната е безбедносна мерка со проценка на ризик, а Агенцијата за воздухопловство ја донесува формално одлуката. Оваа забрана беше исклучиво воведена од безбедносни причини бидејќи секоја провокација можеше да предизвика несакани последици, рече Тошковски од говорницата.
Тој додаде дека протестите се одржале слободно и дека медиумите работеле без проблеми од настаните.
Слично
