Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Повредени се 196 лица, a 18 се приведени

ТОШКОВСКИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Повредени се 196 лица, a 18 се приведени

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска изјави дека обдукцијата е завршена, а сите починати лица се идентификувани.

„Повредени се 196 лица, од кои 20 деца. Во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болници, а 80 во странство и тоа Србија, Бугарија, Австрија, Хрватска, Турција, Грција, Унгарија и Бугарија“, вели Тошковски.

Кажа дека досега се приведени 18 луѓе, а задржани се 16 лица, од кои што последното задржано лице се товари за тешки дела против општата сигурност, истото е потписник на основен проект за издавање на кабаре-клуб, еден од документите за да биде ставен во функција кабаре – клуб.

Истражните органи открија дека во близина на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што во пожар загинаа 59 млади луѓе, имало склад за гориво. Резервоарот бил сместен во соседен објект. Него го открила полициската крим-техника.

Според изјавата на Тошковски, резервоарот бил празен и нема поврзаност со сопствениците на дискотеката „Пулс“.

Слично

Поврзани вести