Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски за пожарите: Ова се премногу случајности за ние да се убедиме дека ова не е со поинаква намера

Тошковски за пожарите: Ова се премногу случајности за ние да се убедиме дека ова не е со поинаква намера

Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, факт е дека има хибриден напад кон државата. 

Тошковски вечерва изјави дека е факт оти во последните неколку дена имаше пожари на четири критични точки. Тошковски не сакаше да открива детали за истрагите за последните пожари во Скопје, но рече дека има основи за сомненија и индиции за вклученост на над дваесет лица.

На новинарско прашање во Тема на денот на ТВ Сител дали мотивот за овие хибридни напади преку пожари, а со тоа и нарушување на здравјето на граѓаните е да се урне оваа Влада, министерот за внатрешни работи кусо одговори дека има и такви индиции и дека клопчето „е почнато да се одмотува“. Негираше дека овие настани ќе влијаат на локалните избори во земјата.

„Хибриден напад дека има кон државата, има. Тоа е факт. Никогаш во изминатиов период на оваа тема ниту сум го демантирал премиерот ниту пак премиерот кажал невистини и паушални изјави поврзани со оваа тема. Факт е дека имаме мултистранични напади на државата од повеќе аспекти. Јас ќе говорам само за факти. Факт е дека кога почнаа пожарите првиот ден имавме најмалку на шест-седум места критични витални точки особено за Скопје и за државата каде што имавме подметнати пожари. Факт е дека последните два – три дена ни гореа четири ризични точки од кои три депонии, што легални што диви, и една фабрика за рециклирање на електронски отпад. Факт е дека на една од овие точки механизацијата не била во функција, факт е дека оние што требало да ја опсервираат една од овие четири критични точки согласно закон и согласно подзаконски акти дента кога настанал пожарот дел биле на боледување, не биле на работа итн…Факт е дека одредени столбови на кои имало одредени средства за набљудување биле бутнати…Ова се премногу случајности за ние да се убедиме дека ова не е со поинаква намера од онаа што се обидуваат да ја прикажат во јавноста“, рече Тошковски.

Но, исто така, продолжи тој, е факт дека во Вардариште има 200 Роми кои живеат таму и најверојатно одреден дел од нив се конкретни подметнувачи на пожар. 

Слично

Поврзани вести