Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА БОЈМАЦАЛИЕВ ЗА УБИСТВОТО НА ЛЕКАРОТ: Станува збор за несериозна и непрофесионална изјава

ТОШКОВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА БОЈМАЦАЛИЕВ ЗА УБИСТВОТО НА ЛЕКАРОТ: Станува збор за несериозна и непрофесионална изјава

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски апелира да не се навлегува во детали што би можеле да ја загрозат истрагата за убиството на лекарот во Железара. 

Тој денеска ги оцени како несериозни и непрофесионални изјавите од кој било функционер за убиството.

„Несериозни и непрофесионални изјави, не сум ги слушнал, но, ако е така како што велите, дека било кажано од страна на кој било функционер, можам слободно само да кажам дека станува збор за несериозна и непрофесионална изјава“, кажа Тошковски. 

Претходно, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за МИА потврди дека лекарот кој беше пронајден мртов на паркингот пред поликлиниката Железара, според досегашните сознанија, не бил убиен во автомобилот во кој беше пронајден.

Лекарот на возраст од 67 години, откако не се вратил дома, синовите го нашле убиен во автомобилот на паркингот пред поликлиниката. По убиството на лекарот, матичните протестираа барајќи поголема безбедност. 

Слично

Поврзани вести