Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад ова

ТОШКОВСКИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад ова

Низок обид за манипулација, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откако Европскиот фронт вчера му поднесе интерпелација. 

Вели дека Собранието ќе постапи како што смета. Тошковски изјави дека нивните тези сами по себе се контрадикторни.

„Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа. Собранието ќе си постапи во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста“, рече министерот.

Европскиот фронт поднесе 4 интерпелации. Интерпелациите се за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени. Тие не се задоволни од работата на овие функционери, а ги споменаа и инцидентите кои се случија на Денот на албанското знаме. 

Слично

Поврзани вести