ТОШКОВСКИ ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ ДЕКА ДУИ ПЛАНИРА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно
Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ДУИ планира дестабилизација на државата.
Вели дека граѓаните не треба да бидат загрижени за безбедносната состојба во Македонија.
„Министерството за внатрешни работи и останатите институции ќе одговорат соодветно во рамки на законските надлежности“, рече Тошковски, во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ), планира наесен да преземе чекори коишто се во насока на дестабилизирање на државата.
Во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Тошковски вели точно е дека постојат информации кои се во оваа насока и нагласи дека граѓаните треба да бидат запознаени со сите факти коишто се од интерес за јавноста.
За тоа дали разговарале со коалициониот партнер „Вреди“ за ваквите индиции за опозициската ДУИ, Тошковски вели целта на оваа Влада е да го создаде системот, бидејќи, како што кажа, системот бил уништен.
Мицкоски деновиве изјави дека ДУИ претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава.
Инаку, ДУИ го заострува ставот и бара меѓународен ветинг за високи функционери.
