ТОШКОВСКИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ ПРЕД УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ: Најостро осудувам секаков вид насилство
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски на социјалните мрежи напиша дека во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, работат на расветлување. Тој го осуди насилството.
„За наведниот настан веднаш е известен надлежен јавен обвинител кој даде насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во министерството побарав максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури да се постапи, се со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста“, напиша министерот.

Слично
