Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: За „Безбеден град“ евентуалните грешки ќе се коригираат во рок од 24 часа

Тошковски: За „Безбеден град“ евентуалните грешки ќе се коригираат во рок од 24 часа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија говореше за почетокот на имплементацијата на проектот „Безбеден град“ и посочи дека дел од податоците за сопствениците на возила во постојните евиденции може да бидат неточни, што може да се должи на претходно доставени погрешни информации од граѓаните или на грешки при внес во системите. Поради тоа, можно е одредени граѓани да добијат известување или записник што не се однесува на нивното возило или на прекршок што тие не го сториле.

„Секој граѓанин кој ќе забележи несогласување во податоците ќе има право да се обрати во која било полициска станица и да пријави дека станува збор за грешка – дека возилото не е негово, дека не управувал тој или дека има друг вид неточност. Согласно законски утврдена процедура, Министерството за внатрешни работи во рок од 24 часа ќе изврши проверка и корекција на податоците, а Граѓанинот ќе добие известување дека нема да биде прекршочно гонет доколку не го сторил прекршокот“, истакна министерот.

Тој нагласи дека во новиот систем е воведен и дополнителен механизам за заштита на личните податоци. По добивањето на СМС-известување за сторен сообраќаен прекршок, граѓанинот ќе треба преку линк да пристапи до записникот, при што за преземање на документот ќе биде потребно внесување на матичен број. Со ова се овозможува дополнителна автентикација и проверка на веродостојноста на податоците, со цел лични информации да не бидат доставени на погрешно лице.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести