Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски за апсењето на Самараков: Криминалец се прикривал со униформа

Тошковски за апсењето на Самараков: Криминалец се прикривал со униформа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес пред медиумите одби да споделува детали од истрагата за осомничениот Ангел Самараков, самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски и да каже какви материјали тој сакал да изнесе, односно да предаде на надворешни лица.

Самараков беше фатен на паркинг пред хотел во Велес при обид да продаде тајни документи за 50.000 евра, соопшти претходно Јавното обвинителство.

„Тој е еден од случаите каде покажавме дека се бориме неселективно против криминалците во внатрешни рбаоти.

Одделот по внатрешна контролоа, по добиени информации во рамки на Одделот, бил известен надлежен јавен обвинител кој се согласил и дал наредба да бидат преземени дејствијата истата вечер. По спроведувањето на предметната акција, извршени се повеќе претреси кај полициски службеници, при што се пронајдени докази во таа насока.

Во овој момент не би сакал да споделувам детали од истрагата. Во оној момент кога ќе ги иамме сите информации - ќе ги споделиме со јавноста.

Сите во министерството се вознемирени кога гледаат дека криминалец се прикривал со униформа“, рече Тошковски.

Слично

Поврзани вести