Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ: Во Куманово тестиран системот „Земи бројче“

ТОШКОВСКИ: Во Куманово тестиран системот „Земи бројче“

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека во Куманово е тестиран системот „Земи бројче“, за полесно издавање на лични документи. 

Тошковски  веста ја соопшти на Фејсбук. „Земи бројче“ е во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и има за цел да направи ред на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи и наскоро ќе биде ставен целосно во функција.

„Денеска во просториите на Отсекот за управни работи – Куманово, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација го тестиравме системот „Земи бројче” кој има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи, а кој наскоро ќе биде целосно ставен во функција. Продолжуваме и понатаму со изнаоѓање на конкретни решенија кои имаат за цел да ги олеснат постапките поврзани со процесот на издавање на лични документи“, објави Тошковски.

Во Скопје од понеделник, почнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта. 

Слично

Поврзани вести