Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: ВМРО-ДПМНЕ не го измисли семејното насилство

Тошковски: ВМРО-ДПМНЕ не го измисли семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Собранието како одговор на пратеничко прашање рече дека се консултирал со невладини организации, судии и обвинители за зголемениот број на семејни насилства, по што најави дека ќе следат системски измени.

- Говорите за жртви само за последните година и пол две, како ВМРО-ДПМНЕ да го измисли семејното насилство. Кога се влегува во системски проблеми, треба целосно да го решиме проблемот. Законскава легислатива која што е дефинирана во 2021-ва се покажа дека не била функционална и имала колизија на интерес од денешен аспект. Ова не го говорам јас, туку сите експерти од фелата, рече Тошковски.

Министерот додаде дека соодветно ќе бидат санкционирани полициските службеници кои нема да постапат правилно во случај на семејно насилство.

- Зa секое едно незаконито дејствие ќе утврдиме одговорност со име и презиме за тој што не постапил согласно закон и соодветно ќе го санкционираме во рамки на дисциплинска постапка. Доколку има елементи на кривично дело, за истото ќе биде известен јавен обвинител и ќе биде процесиран во постапка која е во негова надлежност, наведе тој.

Слично

Поврзани вести