Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ: Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи

ТОШКОВСКИ: Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи

Oвој викенд ќе бидат одобрени 20.000 лични документи. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети пунктот за сликање на лични документи во полициската станица Пролет во Скопје.

Тошковски изрази благодарност до 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денес, како и во наредните викенди ќе дадат максимална поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични документи и благодарност и до сите останати колеги од ОУР Скопје кои неуморно и деноноќно работат на тој план. Претходно настана хаос со издавањето на личните документи кој сега полека се средува. Имаше граѓани кои се жалеа дека останале без работа во странство, затоа што не стигнале да го заменат пасошот, односно да извадат пасош со новото име на државата, Северна Македонија. 

Слично

Поврзани вести