Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Ова следи по пожарот во неделата во дискотека во Кочани, каде од пиротехниката се запали покривот и загинаа 59 луѓе. 

„Дали тоа ќе оди преку Владата или поради потребата од итност ќе оди преку некој пратеник од Собранието, службите работат на предлог-законските измени и тие најбрзо што може ќе бидат ставени во процедура“, објасни Тошковски. 

Ќе се носи нов закон со кој ќе се регулира употребата на пиротехнички средства и со кој ќе биде забранета нивна употреба во објекти од затворен тип.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека осомничените одговорни лица во дискотеката и членови на обезбедување не спречиле за потребите на настапот на групата ДНК во угостителскиот објект да се внесат и да се употребат експлозивни материи – пиротехнички фонтани. Тие немале задолжителна дозвола издадена од надлежни органи за да ракуваат со пиротехнички средства ниту, пак, просторните услови дозволувале употреба на такви пиротехнички средства.

На Бит Пазар деновиве полицијата уапси скопјанец кој продавал пиротехника. 

Во Куманово во клуб деновиве беа најдени пиротехнички средства и газдата е уапсен. 

Слично

Поврзани вести