Тошковски тврди дека за 2 години се откриени 30 организирани групи
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски даде отчет за сработеното и откри дека за 2 години се откриени 30 организирани групи.
Во областа на корупцијата вели дека сузбиени се 6 такви групи при што кривично се пријавени 146 лица и 18 правни. Откриени се околу 500 кривични дела, а бројот на пријавени сторители надминува 1.000.
„Инвестиравме во опрема, обуки и нови технологии. Денешниот отчет не е само изнесување бројки, туку е фактичка потврда за трудот и професионалноста на полициските службеници и сите вработени во МВР. Свесен сум дека пред нас има уште многу работа, безбедноста е процес што бара постојана посветеност. Затоа, ќе продолжиме со иста енергија, јасна визија и определба да изградиме современо МВР кое ќе одговори на предизвиците“, рече Тошковски.
Тошковски рече дека иако наследиле систем за издавање на лични документи кој бил запрен, денес веќе тоа е минато.
Тој информира дека се отворени нови одделенија со кои МВР се доближи до граѓаните, а документите се издаваат многу полесно преку дигитализацијата на процесите, без чекање на шалтери.
Тошковски како еден од најзначајните проекти го издвои реализирањето на „Безбеден град“ кој ќе се реализира на цела територија на земјата до крајот на годината.
„Во првите 5 месеци од воведувањето е забележано намалување на бројот на загинати во сообраќајните несреќи за 40 отсто. Во овој период се регистрирани повеќе од 120.000 сообраќајни прекршоци од кои 95 отсто се за зголемена брзина на движење“, рече Тошковски.
Тошковски рече дека земјава има најниското ниво на криминалитет од последните 20 години, при што ефикасноста е зголемена на 69 отсто, а значително е зголемено открива и сторители.
фото Фејсбук/Панче Тошковски
