Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

Македонија ниту размислува, ниту има какви било шанси да се согласи да биде центар за прифаќање на мигранти или локација за отворање мигрантски кампови, изјави вечерва за МИА министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска во Брисел учествуваше на Меѓународната конференција на Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти.

„Во изминатиов период се крена прашина, особено од страна на опозицијата, иако тоа нема никаква врска со реалноста или логиката, дека Македонија треба да претставува некаков хаб центар или погодна почва за прифаќање на мигранти, кои не би биле прифатливи за ЕУ или за земји коишто се традиционални пријатели на Македонија, како што е Велика Британија“, нагласи Тошковски.

Тој потенцира дека за вакво нешто ниту е размислувано, ниту е разговарано од страна на Министерството за внатрешни работи, ниту пак би било прифатливо за државата.

Во однос на законските регулативи на ЕУ, поврзани со Пактот за азил и миграција, Тошковски нагласи дека во рамки на пристапниот процес кон Унијата, она што ќе претстои за земјава ќе биде да се работи на усогласување на нашето законодавство со европските директиви во оваа сфера.

фото Фејсбук/Панче Тошковски

Слично

Поврзани вести