Тошковски: Турски државјанин убиен со нож на Нова година
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес брифираше дека новогодишната ноќ поминала мирно, освен тоа што било извршеноо убиство над турски државјанин.
- За жал на подрачјето на СВР Скопје е регистриран еден посеризен настан - убиство на турски државјанин, рече Тошковски, без да изнесува повеќе детали.
Лицето е убиено со остар предмет, а има уште едно друго лице кое завршило со тешки телесни повреди од нож. Има едно осомничено лице кое е во бегство, а според Тошковски, инволвирани биле повеќе учесници во инцидентот.
Од останатото, евидентирани се седум повреди од пиротехнички средства, а едно лице кое прославувало со пукање во воздух се самоповредило со ловна пушка на територија на СВР Битола.
Слично
