Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Сериозен раст на семејното и врсничкото насилство оваа година

Тошковски: Сериозен раст на семејното и врсничкото насилство оваа година

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање на настан во Владата истакна дека податоците со кои располага МВР укажуваат на сериозен раст и на семејното и на врсничкото насилство, нагласувајќи дека изложеноста на насилство во домот претставува еден од најзначајните ризик-фактори за подоцнежно агресивно однесување кај децата и младите.

„Во периодот од 1 јануари до 28 мај оваа година се регистрирани 768 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 460 во истиот период минатата година, што претставува зголемување од 67 проценти. Само во првите две недели од јуни регистрирани се уште 89 нови кривични дела од оваа област“, истакна министерот Тошковски.

Тој посочи дека Министерството за внатрешни работи реагира брзо и одлучно во случаите на семејно насилство, при што годинава се поднесени 601 кривична пријава, а мерки на кривичен прогон се преземени против 609 лица.

Осврнувајќи се на состојбите со врсничкото насилство, министерот информираше дека годинава се регистрирани 93 инциденти во 64 училишта, што претставува зголемување во однос на минатата година.

„Особено загрижува фактот што насилството врз деца е повеќе од двојно зголемено, а кривичното дело силување на дете под 15 години е регистрирано шест пати, наспроти еден случај во истиот период минатата година. Ова се податоци кои не смеат да останат без реакција“, нагласи Тошковски.


Слично

Поврзани вести