Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година

ТОШКОВСКИ: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година

„Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во гостување на 360 степени. 

Тошковски рече дека за овој систем за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци да почне да работи, освен поставување техничка инфраструктура, треба да се усогласат низа закони. 

„Што се констатираше досега? Неусогласеност на законите од аспект на нејасно дефинирање на Кривичен законик (КЗ) со Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата и Закон за прекршоци. Преклопување на дејствија на извршување. Значи, ние мораме да опфатиме измени и дополнување на КЗ за да разграничиме јасно што е кривично дело, а што е прекршок од аспект на безобѕирно управување со моторно возило, и мене ако ме прашате лично, да додадеме во рамки на дејствијата на безобѕирно управување со моторно возило и одземање на возачка дозвола“, рече Тошковски.

Министерот додаде дека мора да се регулира доказната вредност на камерите.

Слично

Поврзани вести