Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ: Не сакам од ова да правам политика

ТОШКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ: Не сакам од ова да правам политика

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се сретна со родителите на загинатите во пожарот во Кочани. 

Тие претходно беа пред зградата на Јавното обвинителство на РСМ и пред Собранието.

Родителите го прашаа зошто истрагата се води на селективен начин, но веруваат дека не се притворени вистинските одговорни за случајот. 

„Не сакам од ова да правам политика. Не сметам дека овие деца го заслужуваат тоа. Истрагата е сè уште во тек. Досега се осомничени 70 лица“, кажа министерот. 

Вели дека за случајот е осомничен и актуелен министер, актуелни директори и актуелен градоначалник.

Семејствата на загинатите во пожарот прстот го вперуваат и кон Обвинителството, бидејќи, како што рекоа, никогаш не реагирале по допрен глас од јавноста. 

Во Собранието, пратениците дискутираат за интерпелацијата на Тошковски. 

На 16 март годинава, во дискотеката Пулс во Кочани во пожар загинаа 59 луѓе, а потоа бројот на жртви се зголеми на 62. Повредени се околу 200 луѓе. 

Слично

Поврзани вести