Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ: Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката

ТОШКОВСКИ: Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката

Во близина на дискотеката „Пулс“ во Кочани е пронајден резервоар за нафта, но како што вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски,  тој е целосно празен и нема никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката.

„Според информациите што ги добив, точно е дека постоела бензинска пумпа и одреден резервоар во земја којшто по првичните информации бил празен и не бил во допир со настанатиот пожар. Сопственичката структура не е поврзана меѓу себе, ниту пак е поврзан сопственикот на бензинската пумпа со менаџерската структура која се појавува како организатор во дискотеката“, објасни министерот. 

Од Обвинителството во текот на денот објавија дека при увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат. 

Претходно се појавија информации дека постоела опасност од разорна експлозија поради резервоарот кој се наоѓал блиску до местото каде имаше пожар кој во неделата однесе во смрт 59 луѓе. 

Слично

Поврзани вести