Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски предложи мерки за пасошите пред грчката амбасадорка

Тошковски предложи мерки за пасошите пред грчката амбасадорка

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на Грција во Скопје,Софија Филипиду.
Неговиот кабинет известува дека Тошковски го поставил прашањето за неповолната динамика со која се обновуваат личните документи во земјата согласно преспанскиот договор.

„На средбата беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.

Министерот Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање“, соопшти МВР.


Слично

Поврзани вести