Тошковски: Понеделник со ист број на казни од „Безбеден град“ како и недела
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека до 20.00 часот бројот на казни од „Безбеден град“ во понеденик како работен ден е ист како во неделата.
- Денес можам да кажам дека фактичката сосотојба е иста Имаме 508 прекршооци на ниво на Скопје, Куманово, Тетово и коридорите. Од тие 454 се за брзо возење, 42 се за црвено светло, 12 се нерегистрирани, рече министерот.
Тој изрази задоволство од, според него, малите бројки на казни и очекува дека бројката ќе остане горе-доле иста за целиот 24-часовен период.
Слично
