Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се надева дека до јуни или јули идната година ќе биде спроведен системот „Безбеден град“ на територијата на целата држава. Додаде дека тест-периодот за регистрирање прекршоци од овој систем важи до 1 февруари идната година.
„Сигурен сум дека до крајот на 2026 година ќе го имплементираме за секој град како паметен систем. И граѓаните во Берово, Делчево, Струга и Охрид заслужуваат едно вакво решение што би требало да ја следи европската стратегија за ‘нула жртви‘, со која до 2050 година треба да немаме човечки жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила“, кажа министерот.
Во овој краток временски период, во рамки на тест-периодот, како што рече, првичните информации се дека сега македонските граѓани поинаку се однесуваат кога управуваат возило отколку порано. Бројот на сообраќајни несреќи со тешки последици е намален.
фото Фејсбук/Панче Тошковски
