ТОШКОВСКИ: One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце
Почнува заедничка гранична контрола Јажинце-Глобочица со Косово.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со косовскиот колега Џелал Свечла денеска се сретнаа на граничниот премин Јажинце-Глобочица со цел да се означи почетокот на системот за заедничка интегрирана гранична контрола (познат по називот One Stop).
Тошковски рече дека сега ќе има побрз трансфер на патници со Република Косово затоа што заедничката контрола е воспоставена на двата гранични премини Блаце и Јажинце.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла посочи дека соработка на двете полициски и царински служби ќе овозможат полесно движење на граѓаните од двете страни на границата.
фото Фејсбук/Панче Тошковски
Слично
