Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Од понеделник 28 фотографи во две смени во „Пролет“

Тошковски: Од понеделник 28 фотографи во две смени во „Пролет“

Техничкиот министер за внатрешни работи во преодната влада Панче Тошковски во вестите на ТВ Алсат изјави дека од понеделник во полициската станица „Пролет“ ќе се работи во две смени со 28 фотографи, но со телефонски закажувања за вадење лични документи.
„Пунктот Пролет го враќаме суштински во системот, но не како што беше со четворица фотографи, а поставени 10 базни станици за фотографирање на луѓето. Го враќаме овој пункт со 14 фотографи, вработени полициски службеници коишто ќе го спроведат процесот на 14 базни станици. Од понеделник најавувам и дека ќе се работи во две смени на пунктот Пролет, но само со телефонски закажувања. Она што претходно го правеле четворица во рамки пунктот Пролет, полициска станица Кисела Вода сега ќе биде зголемено и ќе имаме 28 коишто ќе го спроведат истиот процес за еден ден. Ако претходно се фотографирале отприлика 300 луѓе, ние треба да дојдеме до бројка од околу 1800 луѓе кои ќе бидат фотографирани, но во рамки на системот“, најави Тошковски.

Тошковски најави отворање и на уште еден пункт з апатни исправи, како и зголемување на човечките капацитети и воведување на втора смена во еден од активните пунктови.

„Ќе сториме се што можеме да максимално одговориме на потребите на граѓаните. Ќе го видат ефектот за многу кратко време. Од следна недела базните станици ќе функционираат со максимален капацитет и граѓаните ќе бидат уверени дека правиме нешто во нивен интерес“, истакна привремениот министер.


Слично

Поврзани вести