Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Очекувам итна постапка од Обвинителството и Судот за потпалувачот

Тошковски: Очекувам итна постапка од Обвинителството и Судот за потпалувачот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утринава го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада.

Во контекст на тоа, вели тој, оди и брзото приведување на сторителот. Инцидентот претходно најостро го осудија од македонската влада и го оценија како недозволив и вандалски чин, рекоа дека секој обид за предизвикување тензии и ширење омраза ќе биде максимално санкциониран. Тошковски најави дека обвинителството ќе го води случајот како приоритетен.

- Сторителот кој што се сомничи за палењето на возилата во сопственост на бугарската амабасада е многу брзо идентификуван, обезбеден од МВР и АНБ, тие беа вклучени во споделување на клучни информации.

Обвинителот мислам дека оваа постапка ќе ја води по итна постапка, така што во текот на овој ден очекувајте дека ќе има соопштение од страна на Обвинителството и од страна на Судот во однос на понатамошните чекори што ќе се преземат процесно.

Огромна осуда од моја страна за какво било насилие, особено насилие насочено кон оштетување на предмети во сопственост на друга држава, рече Тошковски.

Слично

Поврзани вести