Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ ОБВИНУВА ЗА ИЗБОРЕН ИНЖЕНЕРИНГ: Над 100.000 граѓани нема да можат да го остварат своето право на глас поради документите

ТОШКОВСКИ ОБВИНУВА ЗА ИЗБОРЕН ИНЖЕНЕРИНГ: Над 100.000 граѓани нема да можат да го остварат своето право на глас поради документите

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за Тв Алфа изјави дека повеќе од 100.000 граѓани нема да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори. 

Овие луѓе нема да можат да гласаат на претседателските и парламентарните избори. 

„Станува збор за минимум 100.000 граѓани кои што имаат важечка, односно неважечка патна исправа со старото име на државата кои што заради овие 54-ца нема да можат да го остварат своето право на глас. Зошто не може да го остварат? Затоа што овие над 100.000 граѓани резиденти над 18 години согласно последните проверки кои што ми ги дадоа луѓето од министерство, немаат лична карта и единствено со пасош може да се легитимираат во рамки на избори за остварување на своето право на глас. Дали не сте загрижени дека единственото логично образложение зошто овие 54 пратеници не гласале е класичен изборен инженеринг на овие парламентарни и претседателски избори? 100.000 луѓе е фрапантна бројка имајќи предвид кој е бројот на државјани на Република Македонија и кој е бројот на оние граѓани кои што имаат важечки документи за идентификација“, изјави Тошковски.

Вчера пратениците не дадоа зелено светло за продолжување на важноста на документите со старото име на државата. 

Слично

Поврзани вести