Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека целта на „Безбеден град“ е спасување на човечки животи. 

Вели дека овој тест период покажа дека граѓаните можат поинаку да се однесуваат. Министерот кажа дека за 20 отсто е намален бројот на пациенти со тешки телесни повреди на клиниките.

„Јас би бил пресреќен кога би спасиле еден човечки живот повеќе. Македонија е катастрофална со статистиките“, рече Тошковски. 

Додаде дека во пробниот период има технички проблеми, но најави дека тие ќе бидат отстранети до 1 февруари 2026 година. 

„Овој систем не врши селекција според име, презиме, статус во општеството“, кажа Тошковски. 

Вели дека целта не е да го полнат буџетот од казни, туку да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

Kaжа дека лицата кои воопшто немаат возачка дозвола, а управуваат возило, ќе се соочат со одземање на возилото. 

фото Фејсбук/Панче Тошковски

Слично

Поврзани вести