Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Не реагиравме превентивно, зошто немаше тепање, кршење и убиства

Тошковски: Не реагиравме превентивно, зошто немаше тепање, кршење и убиства

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешното гостување на поткастот на „Лидер“ рече дека меѓу 17-те уапсени за палењето и кинењето на македонското знаме на 28 ноември, поголемиот дел се малолетници или личности во раните 20-ти кои уште не се зрели и лесно може да бидат изманипулирани.

-  За тие што има докази,има кривични пријави, но голем дел се малолетници за кои има друга постапка. Според моите сознанија, три лица се во притвор, рече Тошковски.

Министерот додаде дека тројца меѓу овие 17-мина биле од Прилеп кој го палеле албанското знаме,еден малолетник го искинал знамето од српскиот конзулат во Куманово ,а едно лице вадело знамиња од јарболот во Кичево.

Тошковски ја обвини опозицијата дека го руинирала системот за вакви ситуации и дека дента се било под контрола.

- Кога со години ќе докажеш дека си неспособен и способен само да седиш настрана и да џавкаш, не си релевантен да седнеш на маса со факти и аргументи. Фактите се дека ние ја имавме под контрола ситуацијата. Прво,вечерта немаше тешки телеснии повреди, нема убиства, нема обиди за убиства, упад во приватен имот, кршење на излози. Таков тип на насилство во Скопје вечерта немаше,ниту во Куманово, ниту во другите градови

На приправност со соодветен периметар имаше соодветен број на полициски службеници кои ќе интеревенираа доколку имаше потреба. Имаше палење,но сите што ги палеа знамињата, се уапсени. 

Слично

Поврзани вести