Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски не најде пропуст кај полицијата за убиствата на Вања и Панче, СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ да се извини

Тошковски не најде пропуст кај полицијата за убиствата на Вања и Панче, СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ да се извини

Министерството за внатрешни работи соопшти дека не е пронајден пропуст кај полицијата при расчистувањето наубиствата на Панче Жежовски и ученичката ВАња Ѓоревска во случај во кој главен осомничен е Љупчо Палевски, за кого во моментов се чека екстрадиција од Турција.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) при МВР, на барање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, a во врска со истрагата за двојното убиство на П.Ж. и В.Ѓ., изврши проверки во СВР Скопје и СВР Велес.

Ја информираме јавноста, со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување“, соопшти МВР.

По ова СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што главно имаше обвинувања дека немало да дојде до убиство на Вања доколку полицијата постапела навремено и експедитивно по убиството на Панче.

- Додека целото општество беше во тага, ДПМНЕ, Ковачки, Јанушев, дури и лично Мицкоски овој случај постојано го злоупотребуваа. Секој ден фрчеа прес конференции од белата палата полни со лаги.

Во отуство на политичка понуда, без осет и без основа го обвинуваа МВР и поранешното раководство на чело со Спасовски дека не постапиле навреме, дека било закаснето делувањето. Сите нивни лаги денеска се потопени. Се потврди дека ДПМНЕ е единствена партија која злоупотребува вакви случаи со лаги, порача пратеничката Даниела Колева.

Слично

Поврзани вести