Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тошковски: Не е точно дека полицајците не помагале кога се случил пожарот во Кочани

Тошковски: Не е точно дека полицајците не помагале кога се случил пожарот во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бранејќи ја една од точките поради која што е поднесена интерпелација против него во Собранието, рече дека непотребно се истура бесот и гневот над полицијата за неукажување на помош од нивна страна за време на трагедијата во Кочани.

- Бесот и гневот сакаат да го фрлат врз полициските служќбеници, но истрагата е во тек со собран огромен број на докази. Обвинителството ќе постапува во целосно расветлување на фактичката состојба. Но, не можам да дозволам да се оцрнува секој еден полициски службеник и професионалец во рамки на МВР од страна на оние кои не и мислат добро на Македонија. Веднаш по дојавата за трагедијата, МВР реагираше со сите капацитети а службениците регаираа ефикасно со насочување на сите ресуроси и капацитети,рече Тошковски од говорницата.

Тој додаде дека 250 лица на тој начин биле, како што рече, безбедно пренесени до болниците и граничните премини. Според Тошковски, тие асистирале во евакуација на повредените и во тие денови имало такви „кои работеле по 24 часа на ден“.




Слично

Поврзани вести