Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека може да се очекува најмногу за два месеци да се нормализира процесот на издавањето на пасоши, односно чекањето на граѓаните да се сведе во рамки на законскиот рок од 15 дена.

Во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, Тошковски рече дека најмногу 80 дена се чекало од фотографирање до издвање на патна исправа, но сега рокот е значително намален.

„Ако граѓанинот се фотографира, да речеме на први, за петнаесетина дена, во рамки на законски дозволениот рок, во редовна постапка ќе се стекне со патна исправа“, рече министерот.

Кажа дека во изминатите пет месеци се издадени околу 400.000 патни исправи, и тоа се бројки, според неговите зборови, кои претходно се работеле и по две години.

Слично

Поврзани вести