Тошковски: МВР по многу години има министер што е нормален
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во Собранието изјави дека Македонија конечно добила „нормален министер“ на чело на МВР.
Тошковски рече дека полицијата под негово водство бележи историски успеси.
„МВР дава најдобри резултати во изминативе 20 години и вие треба да се гордеете со тоа, а не да измислувате приказни. Вие не можете да прифатите дека конечно по многу години има министер што е нормален“, изјави Тошковски од говорницата, завршувајќи со улична метафора: „…ќе видиме кој ќе се чеша на крајот на денот“.
Тошковски рече дека е добро што се окрупнува опозицијата – СДСМ, Левица и ДУИ, односно дека во ист ден СДСМ бара оставка од него, а Левица најавила интерпелација.Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, реагираше за односот на Тошковски кон пратениците.
„Пратениците се тука да поставуваат прашања и министерот нема право да укажува дали и кое прашање тие ќе го постават. Ве молам, одговарајте без навреди и без закани кон опозициските пратеници. Имајте минимум респект кон пратениците“, рече Спасовски.
Пратениците имаа критики за Тошковски.фото Фејсбук/Панче Тошковски
