Тошковски: МВР нема вина за бегството на Рамадани
Панче Тошковски вели дека Министерството за внатрешни работи нема вина за бегството од куќен притвор на Блерим Рамадани, поранешниот член на ОВК кој беше уапсен по меѓународна потерница на барање на Србија.
Ваквата реакција на министерот за внатрешни работи следува откако СДСМ го обвини дека полицијата „замижала“ пред неговото бегство.
„Во случајот со бегството на Блерим Рамадани, вистинското прашање треба да биде зошто судот одлучил да го стави лицето во куќен притвор наместо во ефективен притвор. Познавам писмени правници и во СДСМ кои ја разбираат поделбата на власта и знаат дека МВР и судот се различни институции, но жално е што раководството на СДСМ и нивната ПР служба ги игнорираат овие факти и обвинуваат за да добијат ситни политички поени.
МВР во овој случај постапи согласно законот и максимално професионално. Лицето беше предадено на судот по барање на Интерпол, што е во согласност со позитивните законски прописи. СДСМ да престане со празни обвинувања, а ние и понатаму ќе бидеме фокусирани на вистински решенија за подобрување на состојбата во државата“,смета Тошковски.
Слично
