Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОШКОВСКИ: МВР не било ниту информирано, ниту надлежно за употребата на пиротехнички средства во дискотеката „Пулс“

ТОШКОВСКИ: МВР не било ниту информирано, ниту надлежно за употребата на пиротехнички средства во дискотеката „Пулс“

Министерството за внатрешни работи(МВР) не било ниту информирано, ниту надлежно за употребата на пиротехнички средства во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 62 луѓе во пожарот кој изби на 16 март. 

Ова во „Само интервју“ го кажа синоќа министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. 

„Законските одредби предвидуваат дека за да Министерството за внатрешни работи издаде одобрение, согласност и така натаму, мора прво некој да го побара. Во конкретната ситуација такво барање не е доставено од никого, ниту од страна на оние коишто ги употребиле ниту од страна на менаџерите на клубот”, вели Тошковски. 

Во пожарот имаше и скоро 200 повредени, а до 17 јуни истрагата треба да заврши. 

Од снимките кои се појавија веднаш по пожарот, се гледаше дека плафонот се запали од искра од пиротехниката. Многу европски земји помогнаа во лекување на повредените. 

Слично

Поврзани вести