ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека ќе види македонската јавност во наредниот период многу интересни случаи.
„Проблемот е што тие сознанија не биле процесуирани, тие сознанија биле ставани под тепих, тие сознанија не биле ефектуирани така како што требало да бидат ефектуирани во рамки на законот. Ќе види македонската јавност наредниот временски период без оглед дали ќе биде Панче Тошковски или ќе биде некој друг на предметната позиција, ќе види многу интересни случаи“, вели министерот.
Слично
